Јапонската вселенска агенција – ЈАКСА објави дека последниот потфат со ракета што требало да понесе осум сателити во Земјината Орбита, е неуспешен. Мисијата морало да биде прекината со наредба за самоуништување на леталото. Ова е првото неуспешно лансирање ракета во Јапонија по речиси 20 години.
ЈАКСА соопшти дека ракетата „Епсилон-6“ доживеала засега неодредена аномалија при летот, па тој морало да биде прекинат помалку од седум минути по полетувањето од вселенскиот центар „Ухинура“ во јужната јапонска префектура Кагошима. Агенцијата испратила сигнал ракетата да се самоуништи откако се решило дека нема да може безбедно да лета и да влезе во планираната патека.
Се верува дека ракетата со сателитите паднала во морето. Причината за неуспешното лансирање сѐ уште се истражува, соопшти Агенцијата.
Ракетата „Епсилон-6“, долга 26 метри и тешка 95,6 тони, е последната верзија на таа серија пред планираниот развој на новата ракета „Епсилон-С“. Денешното неуспешно лансирање стави крај на успешната серија за овие ракети првото лансирање во 2013 година. Тоа е и прво неуспешно лансирање за ЈАКСА по неуспехот на ракетата „Х2А“ во 2003 година.