Претседатетелот на Собранието, Талат Џафери денеска го одби барањето за референдум од страна на политичката партија „Левица“ поради, како што се наведува, „барањето не е подготвено во согласност со одребите на Деловникот“.
„Испитувајќи го вашето Барање за покренување на граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување на задолжителен дополнителен референдум, увидов дека бараањето не е подготвено во совласност со одредбите од Деловникот, а особено член 135 од истиот, а и поставеното прашање упатува на несоодветно поставено прашање од причина што заклучоците не се општ правен акте, закон или устав, истите по нивната природа и содржина се став кој ја насочува Владата на Република Северна Македонија во нејзино постапување.
Имајќи го предвид горенаведонот, согласно член 136 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, кој гласи: „Ако предлогот на закон не е подготвен во согласност со одредбите на овој Деловник, претседателот на Собранието пред да ги достави на пратениците, ќе побара од предлагачот да го усогласи со одредбите на одвој Деловник. Ако предлагачот не го дополни предлогот на законот во рок од 15 дена од барањето на претседателот на Собранието, се смета дека предлогот не е поднесен, која одредба соодветно се применува и за сите други поднесоци.
Барам во предвидениот рок Вашето барање да го усогласите со одредбите на Деловникот на Собранието на Република Македонија“, се вели во одговорот на Џафери кон Апасиев.