Во утринските часови наместа ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната од 15 до 21 степен.

Во Скопје, слично време со утринска магла и сончево преку ден. Минимална температура ќе достигне до 9 степени, а максималната до 19 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно време со пораст на дневната температура, а утринската од понеделник наместа ќе се спушта под нулата.