Суштината на немањето парно греење кај дел од скопските домаќинства приклучени на централно греење, е затоа што од власта не е подготвена и затоа што работат само за свои лични интереси и продолжуваат со тендери во четири очи, е дел од коментарот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски, запрашан од новинарите за тоа иако грејната сезона веќе почна, зошто голем дел од скопјани сеуште немаат парно греење, а власта прстот го вперува во граѓаните.

Мицкоски потсети дека и пред неколку дена, согласно правилникот на РКЕ, кога температурите беа ниски и требаше да биде пуштено парното греење, скопјани пак неа со ладни радијатори, со исклучок на неколку стотици домаќинства кои со топлинска енергија се снабдуваат од топланата Скопје Север, каде што радијаторите беа барем малку млаки.

Суштината е дека не се подготвени и дека продолжуваат со тендерите во четири очи, продолжуваат да работат за свој личен интерес. Ќе ве потсетам, не само сега и пред неколку дена кога температурите беа според правилникот на Регулаторната комисија за енергетика, беа такви да мора да биде пуштено парното греење, скопјани останаа со ладни радијатори, со исклучок на неколку стотици домови кои што се снабдуваат во реонот на Скопје Север и Чаир кој што се снабдуваат од таа топлана кои што имаа малку млаки радијатори“, рече Мицкоски.

Токму поради нивната неподготвеност, додаде Мицкоки, ние како ВМРО-ДПМНЕ понудивме помош и решенија и се надева дека кај власта ќе завладее разумот и ќе ја прифатат подадената рака за да им се помогне на граѓаните да се надмине оваа тешка зима, а потоа да зборуваат за политичките недоразбирања.

Не се подготвени, понудивме помош, понудивме решенија, се надевам дека ќе бидат разумни, дека ќе бидат умни, ќе ја прифатат подадената рака, затоа што сега веќе нема потреба од политички надмудрувања, сега треба да им се помогне на граѓаните да се надмине овој тежок период, оваа зима, а потоа ќе зборуваме за нашите политички недоразбирања. Тука е ВМРО-ДПМНЕ како одговорна политичка партија и затоа понуди и помош и се надевам, повторно ќе кажам, дека разумот ќе преовлада наместо политичката хистерија која што во овој момент владее во владата. Тоа можете да го видите од настапите на владини претставници на медиумите, меѓу кои што се и последните настапи на господинот премиер“, истакна Мицкоски.