-Талат Џафери и претседателката на комисијата за избори и именувања може да завршат во затвор доколку сакаат утре да протнат избор на уставни судии, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Во своето интервју за ТВ Сител, Николоски истакна дека точката за законот со кој ќе се спречи отворање на контроверзни здруженија кои носат имиња на фашистички дејци, нечесно се фрла дури на 20 место на утрешната седница во собранието, што фрла сомнеж дека власта баш и не сака да се донесе овој закон.

-Пред оваа точка се точките за избор на министер за локална самоуправа и избор на уставни судии,објасни Николоски.

-Морам да кажам дека ова што сакаат утре да го направат е печат на злоупотреба на службена положба и овластување и карта во еден правец за осудителна пресуда за претседателот на Собранието и за претседателката на комисијата за избори и именување. Затоа што ставаат на дневен ред избор на двајца уставни судии во услови кога расправата во рамки на матичната комисија за избори и именување не е завршена и е јасно дека расправата треба да заврши за сите предлози, да се изјасни комисијата за избори и именувања кој од тие предлози поддржува и потоа тоа да оди на пленарна седница, рече Николоски.

Вториот човек на опозициската ВМРО-ДПМНЕ додаде дека ова е невидено во македонскиот парламентаризам.

-Овде пратениците не ги штити никаков имунитет. Пратениците ги штити имунитет за носење одлуки и за искажано мислење, но не за кршење на устав, деловник и закон. Ова е карта во еден правец за кривична одговорност,додаде Николоски.

Запрашан од уредникот на ТВ Сител, Иван Кузмановски, за тоа дали смета дека власта ќе се осуди на ваков потег? Николоски одговори:

-Втора точка е на дневен ред, сега сме опозиција. Утре од позиција на влада за ова кривичнои ќе се одговара најмалку двајца споменав, а и сите кои им помагаат. Таа точка треба целосно да се избрише, како што убаво констатиравте, не е завршена дебатата во рамки на комисијата за избори и именувања за истата да може да премине на пленарна седница. Доколку остане на дневен ред, ние жестоко ќе се спротиставиме сите 44 пратеници, тоа е тоа што можеме како опозиција да го направиме, како власт ќе има кривична одговорност најмалце за двајца како што споменав, рече Николоски.