Повеќе од 600 луѓе загинаа од јуни досега во најсмртоносните поплави во Нигерија во изминатата деценија, предизвикани од рекордните врнежи и принудија 1,3 милиони луѓе да ги напуштат своите домови, покажуваат новите податоци на локалните власти.
Од почетокот на сезоната на дождови, многу делови од најнаселената африканска земја се погодени од силни поплави кои ги зголемија стравувањата од недостиг на храна и зголемена инфлација.
„За жал, повеќе од 603 животи се изгубени“ – уште 100 загинати за една недела и 2.400 повредени во поплавите, објави на Твитер синоќа Министерството за хуманитарни прашања на Нигерија.
Исклучителното зголемување на бројот на загинати е забележано затоа што многу локални единици не се подготвиле за толку силен дожд, соопшти Министерството.
Минатата недела властите ја објавија бројката од 500 загинати. Повеќе од 82.000 куќи и 110.000 хектари обработливо земјиште се исто така целосно уништени, додаде Министерството.
Сезоната на дождови обично започнува во јуни, но поплавите станаа особено смртоносни од август, според Националната агенција за управување со вонредни состојби.