На социјалните мрежи излегоа слики каде што може јасно да се види дека сајтот на Биро за јавни набавки копа биткоини.
Како што пишува Игор Војноски на својот фејсбук профил, се претпоставува дека серверот или им е хакнат или пак некој од вработените се снашол да си заработи нешто плус.
-Сајтот на Биро за јавни набавки https://www.bjn.gov.mk/ копа крипто во браузерот на секој што го отвара.
Или серверот им е хакнат или некој од вработените нашол начин да заработи нешто екстра, пишува на својот фејсбук профил Игор Војноски.
Како што може да се види на сликата подолу, сервисот што е инсталиран на сајтот е за копање на Биткоин.