Во рамки на активностите за одбележување на „Розов октомври – месецот за борба против рак на дојка!“, денеска во ЈЗУ Клиничка болница-Битола вршат бесплатни прегледи и консултации за пациентки во менопауза.

Од битолската Клиничка болница информираат дека со акцијата директно придонесуваат за зголемување на јавната свест и за други болести кои се опасност за женското здравје.

Денешните прегледи на Гинеколошко – акушерското одделение ќе се вршат до 20 часот, а следната недела на 26, 27 и 28 октомври на Рендген во Клиничката болница Битола ќе се вршат бесплатни мамографски прегледи.