Најмалку 98 лица загинаа во тропската бура „Налга“ на Филипините.

Повеќе од половина смртни случаи се регистрирани во јужниот регион Бангсаморо, главно поради свлечишта предизвикани од дождот, соопшти националната служба за вонредни состојби.

Над 60 лица се водат како исчезнати, а 69 луѓе се здобија со повреди.

Во регионот Бангсаморо загинаа 53 лица, додека 22 се водат како исчезнати.

Штетата на инфраструктурата поради обилните дождови и силните ветрови, проценета е на 13 милиони долари.