Аферата Тајни имоти, во која се крие имот вреден над 30 милиони евра е директен производ на дезертерот Ковачевски. Ова го потврди и претседателката на ДКСК, која префрлајќи ја топката кон владата јавно обелодени се, изјави на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
-Имено како што кажа Ивановска, владата не доставувала известување до ДКСК за ново именувани функционери, иако за тоа има обврска.
Владата, а со тоа и Ковачевски се тие кои всушност овозможуваат да биде криен имотот. Но што се се крие? Аферата Тајни имоти опфаќа и поранешни градоначалници на СДС, кои катастрофално изгубија на локалните избори, а како награда од СДС добија нови функции. Александар Наумоски, поранешен градоначалника на општина Ѓорче Петров, сега член на Советот за унапредување и развој на ревизијата во Македонија, крие имот. Наумоски кој беше проследен со бројни афери додека беше на градоначалничкото место го крие својот имот. Што крие Наумоски? Тој на свое име нема евидентирано имот, но поседува луксузно теренско возило БМВ Х5? Имот крие и Дритан Беџети, директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија. ПИОМ е една од најголемите институции во државата и располага со огромни средства, а директорот на истата не ги почитува законите, ниту во делот на пријавување на својот имот. По стапките на Наумоски и Беџети оди и Фикри Алити, директор на Државниот инспекторат за ловство, кој исто така не го доставил својот имот на увид на јавноста. Овие функционери именувани од владата извршуваат одговорни функции, и располагаат со средства и менаџираат институции кои се од витално значење за функционирањето на државата. Но тие наместо за пример како треба да се работи, служат за пример, како не треба да се работи. И наместо да бидат разрешени од позициите на кои се именувани, овие директори се заштитени од Ковачевски, кој ја префрла топката со ДКСК, истакна Петрушевски.
Аферата Тајни имот, во целост го покажува трулиот систем и како не треба да се функционира. За овие и за сите други незаконитости одговорност ќе има, додаде тој.