Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски ги објави предлог мерките на партијата во однос на енергетската криза. Тој вели дека со мерките кои ги предлага ВМРО ДПМНЕ ќе се помогне на многу граѓани, но и на бизнис секторот.
Во продолжение прочитајте ги мерките кои ги предлага ВМРО ДПМНЕ
Потребни се мерки за да се спаси економијата, стопанството, стандардот на граѓаните и да се спасат работни места.
ВМРО – ДПМНЕ се грижи за граѓаните и економијата, па затоа во Собранието предлагаме мерки кои ќе помогнат во справувањето со кризата. Со предложените мерки ќе се помогне на многу граѓани и ќе се помогне на бизнис секторот полесно да ја помине кризата, вели Николоски.
1.Викенд без ДДВ за прехранбени производи во период на прогласена кризна состојба т.е. до 30 април 2023 година.
2. Дополнително одложување на прогресивното оданочување кое треба да стапи на 1.1.2023 година.
3. Дополнување на Законот за финансиска поддршка на граѓаните со категории на граѓани кои се испуштени (сите самохрани родители, средношколците, невработените лица кои се активни баратели на работа според евиденцијата на АВРМ, децата без родители и родителска грижа, како и корисниците на гарантирана минимална помош). Финансиската поддршка од 3000 денари наместо четири месеци да биде секој месец додека има прогласена кризна состојба, односно заклучно со април 2023 година.
4. За примателите на пензија со износ до 14.000 денари финансиската поддршка да биде 3000 денари месечно, за пензија до 30.000 денари 2000 денари финансиска поддршка и за останатите пензионери по 1000 денари месечно додека трае кризната состојба.
5. За студентите предлагаме враќање на мерката субвенциониран студентски оброк како минатата академска година, но со субвенција која ќе биде 160 денари дневно.
6. Покрај АД ЕСМ, нафтените резерви да може да стојат на располагање во краен случај и за образовните и здравствените институции кои ги користат овие енергенси за затоплување.
7. Со дополнувања во законот за данокот за додадена вредност огревното дрво и пелетите ќе предложиме да се ослободат од ДДВ. Според податоци на Државниот завод за статистика, 280.000 домаќинства се греат на огревно дрво, а 50.000 домаќинства со пелети или брикети.
8. 50% намалување на акцизите за моторните горива т.е. дизелот и бензините, објави Николоски