Штипските пекарници нема да ја намалaт цената на лебот до Нова година. Производителите на леб и бели пецива велат дека се додека не се намали цената на струјата и на суровините, нема да ја намалат цената на нивниот производ.

Според Николче Малинов, сопственик на штипска пекарница, во моментов се трошат последните залихи за производство на леб.

-Намалување ќе има секако, доколку ни се намалат струјата, нафтата и брашното. Ние сѐ уште немаме намалување, а имаме залихи на брашно. Од први декември ќе видеме колкава ќе биде цената на брашното, на струјата, на нафтата и ќе има два до три денари намалување. По наши пресметки не би требало да има до Нова година, секако по Нова година ако нема ново поскапување на струјата, ќе нема намалување ни на лебот, оти ние очекуваме да се намали цената на струјата, вели Малинов.

Владата на последната седница најави поевтина струја за компаниите, а со тоа и стабилизирање на цените на храната.