На 8-ми ноември 2022 година можете да ја погледнете втората самостојна изложба на македонскиот уметник Иван Аџиевски, во КСП Центар – Јадро.
Изложбата наречена Beatyspot 2 ќе биде отворена од 19 часот.
На втората самостојна изложба ќе бидат изложени 24 слики изработени во комбинирана техника, со употреба на различни сликарски медиуми и материјали на платно и на хартија.
Првата самостојна изложба Иван ја одржа во 2018 година во Концепт 37. Тогаш уметникот изложи дела работени во комбинирана техника акрил на платно.