Градоначалникот на Гази Баба преку отчед денеска вели дека промените се случуваат, 365 дена со нов начин на водење на општината.
„Благодарам од срце моја Гази Баба!!
Благодарам на граѓаните на општина Гази Баба кои масовно присуствуваа на промоцијата на отчетот: “Една година ново време во Гази Баба”.
Денес воведовме нов начин на водење на општината. Отчетно и транспарентно, пред целиот народ кој ми ја даде довербата да бидам татко на општината.
Оваа наша средба за мене преставува силна поддршка да продолжиме по патот на промените кои се случуваат во нашата Гази Баба изминатите 365 дена“, стои во неговиот пост на Фејсбук.