Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден, во засилена акциска контрола, на територија на Скопје биле изречени вкупно 202 мерки.

-Од изречените мерки, изречени се 23 санкции за возење повеќе од дозволеното, 15 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за управување под дејство на алкохол. Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за возач почетник, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), две санкции за некористење сигурносен појас и друго, соопштуваат од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелираат од полицијата.