Шеесет санкции од полицијата се изречени за сообраќајни прекршоци од автобуси што превезуваат ученици. Четири од нив заради возење без возачка дозвола, а 21 возило е упатено на вонреден технички преглед.

-При контролата констатирано е едно кривично дело за возење без лиценца по член 284 – а од Кривичен законик, соопшти Министерството за внатрешни работи по контролата на возила што вршат јавен превоз на ученици која била спроведена во текот на денов на територијата на државава.

МВР укажува дека ќе ги продолжи засилените акциски контроли и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила заради побезбедни патишта.