Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски утрово на својата официјална страна на фејсбук ги информираше граѓаните за отпочнување на граѓаниски дијалог со средби со Месните и Урбаните заедници со цел утврдување на приторитетите на општината за следната година.

Во објавата, градоначалникот Стефковски напиша:

Почитувани граѓани,
Започнуваме процес на граѓаниски дијалог со директни средби со граѓани по Месни и Урбани заедници.
Како градоначалник ќе го предводам тимот кој во следниот период ќе направи средби со граѓани во секоја Месна и Урбана заедница.
Целта на средбите е заедно со граѓаните да ги утврдиме приоритетите на општината за следната година, бидејќи ова е период кога се започнува постапката за изготвување на буџетот на општината за 2023 година.
Покрај утврдувањето на приоритетите, граѓаните ќе можат директно да ги истакнат своите проблеми и прашања.
Во тимот заедно со мене ќе учествуваат претседателот на Советот, пратениците, секретарот на општината, раководители на сектори во општинската администрација и директорот на ЈКП Гази Баба 2007.
Со средбите започнуваме во понеделник, 14.11.2022 година во Урбаните заедници Железара, Автокоманда и Керамидница.
За секоја средба ќе се објавува претходна најава со цел информирање на граѓаните и овозможување на секој граѓанин да присуствува.
Овој концепт на граѓански дијалог е уште еден показател за нашата отвореност и транспарентност во сите важни процеси за општина Гази Баба.
Се гледаме во Месните и Урбаните заедници. – напиша Стефковски.