Двајцата соговорници, според соопштението, разговарале и за изминатата туристичка сезона, како и за соработка во повеќе области.
Предизвиците со кои се соочува Охрид и нивно надминување, како и зачувување на статусот заштитено подрачје во УНЕСКО, биле во фокусот на денешната средба на американската амбасадoрка во Македонија Ангела Агелер со градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков.
Амбасадорката Агелер, како што соопшти општинската прес-служба, на првата официјална средба со Пецаков, истакнала дека Охрид и градоначалникот ја имаат нејзината поддршка за исполнување на чекорите за зачувување на статусот на УНЕСКО.
Двајцата соговорници, според соопштението, разговарале и за изминатата туристичка сезона, како и за соработка во повеќе области. Било разговарано и за соработка во реализацијата на заеднички проекти со Американската амбасада.
– Амбасадорката Агелер изрази подготвеност да помогне во привлкувањето на американски инвестиции во градот, стои во соопштението.