Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла или ниска облачност по котлините, додека попладне, во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла или ниска облачност. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Од утре попладне времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринските температури од среда насекаде ќе бидат над нулата, а дневните без позначителни промени.