Попов: 120 денари за студентски оброк се малку, власта од буџетот крати средства во делот на инвестиции во образованието, студентски стандард и изградба на студентски домови

П
Македонија 15.11.2022. 11:42

Сергеј Попов, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во емисијата Студио 10 на телевизија 24, вели дека субвенционираниот студентски оброк е донесен во собранието со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, но измените каде што се кратат средствата за ова законско решение се на предлог на владејачкото мнозинство на СДС, додавајќи дека откако не успеа да го сокријат ова, почнаа да ретерираат со студентите.

Субвенционираниот оброк беше донесен со консензус од сите политички партии, додека пак измените не беа донесени со консензус, туку само од страна на владејачкото мнозинство бидејќи ние сметавме дека тие измени во тој момент не се потребни. Убаво ќе беше да се каже дека овие измени кои што се предложија, направија студентски револт и ги испровоцираа студентите. Па откако видоа дека студентите реагираат, односно не успеа предлог решението да помине под радар, потоа се случи да ретерираат, рече Попов.

Во однос на вчерашната средба на студентите со Ковачевски и пратениците од владејачкото мнозинство, Попов потенцираше дека на средбата воопшто ништо не се договориле, односно како што рече тој се договорија дека ќе се договорат, а не ја договориле сумата на оброкот бидејќи 120 денари лани и 120 денари сега не е исто поради големата инфлација.

Имаме две групи на студенти, оние од Универзитетско студентско собрание и од група студенти од студентски отпор. Едните се задоволни, другите не се задоволни. Јас би рекол студентите во глобала генерално не се задоволни од ова решение бидејќи на вчерашната средба они не се договорија ништо, односно се договорија дека ќе се договорат. Договорија дека ќе се исплаќаат некои средства ретроградно до март месец, но не ја договорија сумата на субвенционираниот студентски оброк, а 120 денари лани и 120 денари не вредат исто поради инфлацијата, додаде тој.

Попов истакна дека законско предлог решение во парламентот постои и им порача на пратениците од СДС да го прифатат и веднаш да го донесат овој предлог каде што државата ќе субвенционира студентски оброк од 160 денари.

Има предлог решение во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ кое што кажува субвенционираниот студентски оброк да биде 160 денари. Имаат прилика утре да го изгласаат потребата од носење на вакво законско решение и потоа на комисиски расправи заедно со консензус да изгласаме решение кое што ќе биде прифатливо за нив, кажа Попов.

Попов посочи дека го поддржува протестот во четврток организиран од здружението на студентски отпор, бидејќи на студентите не им е само проблем субвенционираниот студентски оброк, туку дека и студентите немаат квалитетно образование, а студентскиот стандард е катастрофален.

Најавен е протест во четврток на здружението студентски отпор, јас лично давам поддршка на тој протест од причина што студентскиот лидер беше во собранието и се договори со премиерот и останатите, би рекол дека тој нема допир со реалноста бидејќи истиот е биран од 30 до 40 делегати во едно собрание, и тоа не е студент кој што има комуникација со сите студенти во државата. И ги поддржуваме тие протести бидејќи сметам дека треба да се прошират, бидејќи на студентите не им е само проблем субвенционираниот студентски оброк, студентите немаат квалитетни студентски домови, немаат квалитетно образование, студентскиот стандард е катастрофален. А кога пак студентите ќе ги видат кратењата кои се предвидени во буџетот за 2023 година мислам дека тек тогаш власта ќе се соочи со студентскиот револт, смета Попов, претседател на УМС.

Според Попов револтот кај студентите ќе расте откако ќе разберат дека со новиот предлог Буџет за 2023 година, владата на СДС и владејачкото мнозинство крати дури 30 проценти од ставката за изградба на нови домови, од ставката за студентски стандард 17 проценти, од инвестиции во образованието 17 проценти, како и од ставката за енергетска ефикасна рехабилитација во студентските домови крати дури 48 проценти.

Во однос на новиот предлог буџет за 2023 година, во ставка на студентски стандард кратат 17 проценти, на ставка на изградба на нови домови кратат 30 проценти, на ставка инвестиции во образование кратат 17 проценти, за енергетска ефикасна рехабилитација во студентските домови кратат дури 48 проценти. Е сега со ваков предлог буџет за 2023 година ќе се изборат за студентскиот стандард? Е ова ќе предизвика поголем револт и самоорганизирање на студентите, дециден е тој.


Останати вести од Македонија

Подкаст

Подкаст