Кина денеска пријави 32.695 случаи на заразени со коронавирус, не сметајќи ги увезените инфекции, што е нов рекорден број заразени со Ковид, објавија здравствените власти во земјата.
Од тој број, 3.041 пријавени случаи биле симптоматски, а 29.654 асимптоматски.
Овој рекорд следеше откако вчера беа регистрирани 31.144 случаи на заразени, што е најголем број од средината на април, кога беше прогласен карантин во Шангај, а градот беше затворен два месеца.
Повеќето од новите случаи се регистрирани во јужниот град Гуангжу и југозападниот Чонгкинг.
Пекинг пријавил 424 симптоматски и 1.436 асимптоматски, а Шангај девет симптоматски и 77 асимптоматски случаи на инфекција.