Стотици луѓе денеска протестираат во Вухан во централна Кина, покажаа преносите во живо, додека демонстрации против строгата политика за спречување на ширење Ковид-19 избија во таа држава, јавија западни медиуми.
Инсерти од улици во центарот на градот – каде што Ковид-19 првпат се појави во 2019 година – покажуваат луѓе собрани на протест и кои го снимаат протестот со нивните мобилни телефони.