Првиот човек на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси денеска изјави дека агенцијата ќе го зголеми бројот на свои вработени во украинските нуклеарни централи за да ја заштити енергетската инфраструктура.
Покрај тоа, директорот Гроси на Твитер соопшти дека се сретнал и со шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба.
„Под итно ќе продолжиме да работиме заедно на создавањето нуклеарна безбедносна зона околу нуклеарната централа Запорожје“, напиша Гроси под фотографијата со Кулеба.