Twitter профилот на американскиот рапер Кање Вест повторно е блокиран и тоа поради „поттикнување насилство преку објавување навредливи твитови“.
На Кање му е забранет пристапот на Twitter откако објави серија контроверзни твитови, од кои едниот изгледаше како комбинација од свастика и Давидова ѕвезда.
Некои твитерџии побараа од Илон Маск да го „среди Кање“, а американскиот милијардер соопшти дека раперот ги прекршил правилата поврзани со поттикнување насилство.
„Профилот ќе биде суспендиран“, јасен е Маск.