Нови два инциденти во кои полициски службеници се нападнати додека извршувале службени дејствија во Тетовско и во Гостиварско.
Како што соопштија од СВР Тетово, вчера во 23.15 часот на локален пат за тетовско Слатино, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.М.(22) од с.Слатино затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Рано утрово, пак, во 04.00 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле С.Г.(46) од Гостивар затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По докуметирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.