Во борбата против нелегалната трговија со дрога СВР Скопје минатата година може да се пофали со заплена од рекордни 215 килограми марихуана, а годинава дури 1,5 килограм кокаин, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.
– Државата ја позициониравме како кредибилен фактор во борбата против недозволената трговија со наркотици. Како МВР продолжуваме бескомпромисно да работиме кон искоренување на оваа појава. Зголемување за 6,52 проценти бележи и процентот на расчистени разбојништва и разбојнички кражби на подрачјето на СВР Скопје за периодот јануари-октомври 2022, напиша Спасовски.
Министерот Спасовски порача дека продолжуваат со несмален интензитет во подобрување на безбедносната состојба, како на подрачјето на СВР Скопје, така и на територијата на целата држава.