Активисти за климата по вторпат се обидоа да ја попречат работата на меѓународниот аеродром во Берлин БЕР, додека демонстранти успеаја да ја блокираат пистата на аеродромот во Минхен, јави ДПА.
-Летовите во моментов не се ограничени, соопштија аеродромските власти на БЕР.
Аеродромот соопшти дека е спроведена операција во безбедносната област „поради неовластен пристап“.
Портпаролот на полицијата рече дека некои луѓе добиле пристап до безбедносната област и оти операцијата сè уште е во тек.
Групата „Последна генерација“ соопшти дека членовите влегле во областа и биле на асфалтот на аеродромот. „Ние сме на пристапните писти на БЕР и МИН (аеродромот во Минхен)“, соопшти Последна генерација на Твитер.
Фотограф на ДПА јави дека група активисти за климатски промени направиле дупка во оградата, но потоа биле пресретнати од чувари или полицајци.
На 24 ноември, климатските активисти ги прекинаа летовите на аеродромот во Берлин речиси два часа.
Активисти од Последна генерација утрово блокираа и една од пистите на аеродромот во Минхен.(МИА)