На крајот сме на уште еден форум на Internacional Democrat Union, најголемата светска организација на десничарски партии. Како ВМРО-ДПМНЕ имавме делегација и активно учествувавме на овој настан. Можам да истакнам дека ги споделивме најважните прашања кои се однесуваат на Македонија, на состојбата во Македонија и на борбата против корупцијата како најзначајното прашање кое ги засега десничарските партии од регионот но и десничарските партии во целиот свет, истакна Стефан Андоновски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
„Определбата на сите партии од регионот и светот е дека мора да постои правна држава, владеење на право во нашата држава и силна борба против корупцијата.
Режимите на Социјалдемократските партии во светот, но и во Македонија покажаа дека тие не знаат да се грижат ниту за демократијата, ниту за владеењето на правото, а најмалку за борбата против корупцијата. Затоа многу е важен овој состанок на кој ги споделивме искуствата од државите кои се соочеуваат со случни проблеми, кои се хибридни режими и кои се многу ниско на скалата на Транспаренси интернешенал, и заедничката борба од овде од Вашинготн, но и од сите главни градови во светот мора да биде против ваквиот систем и ваквите режими“, истакна тој.
-Како партија остануваме посветени на европската интеграција на Македонија, на атлантскиот пат на Македонија, на пат кој не смее да биде закочен со национални отстапувања, национални понижувања и газење на македонскиот национален идентитет. Токму за овие прашања заборуваме на овој тридневен настан, продолжуваме активно да учествуваме во работата на IDU и на другите настани на нашите меѓународни партнери, рече Андоновски.