По последните промени на цените на горивата во земјава Македонија се најде меѓу земјите со најниска цена на горивата на Балканот но и Европа. Во Македонија во моментов бензинот 95 се точи за 77,50 денари, еуросупер 98 за 79, 50 денари, а дизелот за 79,50 денари.

Црна Гора пак е втората земја после Македонија која има најевини горива.Таму бензинот се продава за 89 денари, еуросупер 98 се продава за 92 денари од литар, а дизелот за 100 денари од литар.

Србија е со попскапи горивата. Тие се продаваат за 95 денари за литар за бензинот 95, , дизелот се точи за 105 денари, додека во Албанија пак цената на бензинот еуросупер 95 е 106 денари, додека дизелот е 120 денари за литар.

На бензиските пимпи во Бугарија бензините и дизелот се точат за 104 денари.

И во Грција раст на цените, така дизелот се точи 123 денари, додека бензинот 95 се продава за 127 денари од литар. Еуросупер 98 се продава за 136 денари од литро.