Ќе признаете, не сме живееле во полошо време со раководство не со две леви раце, него комплетно сакато, коментира Миа Костова, по новите дојави за бомби, овојпат и во ОУ „Крио Глигоров“ во Центар, каде што оди и нејзиниот син.
Дојава за бомба и во Киро Глигоров. Мене искрено не ми е воопшто пријатно да го пуштам на училиште. На оваа неспособност од институции во кои се бараат дојавувачи 3 месеца мислам дека е таман еден ден да рокне стварно додека се смееме дека е само заплашување и ни е нормално да има по 10 дојави денот. Па можеме сега пак да си живееме во страв место од корона од бомби. Инаку децата воопшто наивно не го сфаќаат ова па се трауматизираат. Па пак да се стаиме малце онлајн дека и онака ги унаказивме две години па сеа за уште една не е проблем. Ќе признаете, не сме живееле во полошо време со раководство не со две леви раце, него комплетно сакато, вели таа.