Со голема национална трибина во Скопје, СДСМ денеска го заокружува караванот трибини „Силно и одлучно кон иднината”.

Нивното соопштение ви го пренесуваме во продолжение:

Ги покануваме сите граѓани, членови, симпатизери, активисти поддржувачи на СДСМ и прогресивните политики што носат напредок и европска иднина да присуствуваат на трибината, која започнува во 18:00 часот во спортскиот центар „Борис Трајковски”

Во изминатите 2 месеци, реализиравме 78 трибини, низ целата држава го посетивме секој град, село, секое населено место.

Масовната присутност на сите трибини потврди дека СДСМ ја води државата по вистинскиот пат.

Граѓаните не сакаат блокади, не сакаат деструкции туку бараат решенија, кои СДСМ заедно со нив ги креира и реализира.

Пред граѓаните ја покажавме разликата со деструктивното ВМРО-ДПМНЕ, ја покажавме нашата визија за иднината и го покажавме резултатот од нашата работа во изминатите 10 месеци.

СДСМ повторно е на победничките патеки, силна, мотивирана, државничка политичка партија која работи за граѓаните и државата.

Започнавме преговори со ЕУ, реализиравме два пакети антикризни мерки за помош на граѓаните и паралелно го спроведуваме процесот на реформи важен за европската иднина, но пред се, важен за граѓаните и државата.

Антикризните мерки ја спасија македонската економија, СДСМ успешно менаџира со последиците од глобалната енергетска и економска криза.

Од политичка неизвесност обезбедивме политичка стабилност и извесност.

Така и ќе продолжиме, СДСМ како најголема, најсилна и државотворна партија е и ќе биде гарантот на европската иднина, на нов економски раст и нова енергетска визија.