Планираме како идна влада во Македонија да потрошиме многу време и енергија, зборувам за спортските објекти кои не се градат. На пример претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ започна една иницијатива за изградба на спортски сали, прв пат во Македонија се изградија спортски сали, се изградија триесе и неколку спортски сали. Оттогаш ни една сала не е изградена. Како втора фаза беше да се изградат базени, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Вечерно шоу со Богдан Илиевски што се емитува на телевизија Алфа.

Според него ова што сега не се инвестира во спортот не е случајно.

„Ова е една анационална политика која се води во спортот. Да не беше општината и градоначалникот ништо немаше ни да има од маратонот во Охрид“, рече Николоски.

Тој укажа дека државата мора да вложи и оти не можеме да им замеруваме на нашите најдобри спортисти ако не прават подобри резултати од овие затоа што немаат државна поддршка.

„Кај нас целата фудбалска репрезентација каде има одлични индивидуалци тоа се луѓе кои сами се пробивале, најголем дел имале среќа да заминат надвор и тие таму се развиваат, и од патриотизам играат за Македонија. Во Хрватска на пример половина тим им е од домашното првенството каде што не само Динамо Загреб, Хајдук Сплит се одлични и имаат уште некоку тимови кои можат да игаат на европско ниво“, рече Николоски.

Оттука, додаде тој, Вардар и Пелистер мора да играат во прва лига, власта на СДСМ и ДУИ свесно ги уништува за да го згасне патриотизмот кај народот.

„И Пелистер и Вардар играат Втора лига, тоа е тажно, нема друг збор освен тажно, затоа што имаме какви што имаме на власт неодговорни, неранимајковци кои во моментов ја водат државата“, заклучи Николоски.