Времето во државата денеска прeтпладне ќе биде претежно облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени.

Во Скопје претпладне облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно време со повеќе сончеви периоди и со пониски утрински температури.