Велешанец синоќа прегази 11-годишно девојче заедно со нејзината мајка и побегнал. 11-годишното девојче загинало, а неговата мајка е тешко повредена, јави локалниот портал Батали.нет. Возачот на бел „,мерцедес“ избегал од местото на несреќата.

Сообраќајката се случила во близина на училиштето „Васил Главинов“ во Велес, на пешачки премин, во близина на сендвичарницата Круг.

Неофицијално, на местото на несреќата пронајдени се регистарските таблички на возилото, а полицијата трага по сторителот на сообраќајната незгода.

Од Министерството за внатрешни работи се уште нема официјална потврда на настанот и повеќе информации се очекуваат во текот на денот.