Девојчето од Велес било донесено починато во болница

Д
Хроника 18.12.2022. 18:07

На 17.12.2022 околу 18.00 часот во СВР Велес, од Општа болница Велес било пријавено дека кај нив било донесено починато женско дете од Велес.

Увид на местото извршила екипа на СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, информираат од МВР.

Како што претходно информираа од МВР, на ул.„Борис Трајковски“ во Велес, патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Н.(29) од Велес, удрило во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка од Велес, по што го напуштило местото.

Во несреќата, малолетничката починала на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираат од полицијата.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес ноќеска изврши увид на местото на сообраќајна несреќа на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

-Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога патнички автомобил кој се движел со голема брзина, на пешачки премин удрил во две лица – мајка и ќерка кои се наоѓале на крајот од преминот за да се качат на тротоар. Од ударот, мајката паднала на земја и се здобила со тешка телесна повреда, додека девојчето на возраст од 11 години било исфрлено значително нанапред, во близина на следниот пешачки премин кај училиштето „Васил Главинов“ и од здобиените повреди починало, се вели во соопштението на Обвинителството.

Оттаму додаваат дека возачот кој што ја предизвикал сообраќајната несреќа воопшто не запрел, туку со голема брзина го напуштил местото на настанот.


Останати вести од Хроника

Подкаст

Подкаст