Сопствениците на едно казино и обложувалница во Гостивар ќе се соочат со глоби откако викендов полицијата открила двајца малолетници. Од СВР Тетово информираат дека викендот што измина (16 декември), полициски од Одделение за внатрешни работи Гостивар спроведоа уште една од серијата акциски контроли во казина и спортски обложувалници.

– При контролата во казино на улица „Кеј Братство“ во Гостивар бил затекнат 15-годишник од гостиварско село, а во обложувалница на улица „Гоце Делчев“ 16-годишник од Гостивар. Двајцата малолетници им се предадени на нивните родители, а против сопствениците на казиното и обложувалницата, по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат изготвени поднсоци по член 20 од Законот за игри на среќа и за забавни игри, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Вакви контроли биле спроведени во во Тетово, каде не биле регистрирани поголеми прекршувања на прописите во работењето.