Попладнево закани за поставени бомби добиле средните училиштата „Георги Димитров“ и „Владо Тасевски“ во Скопје.
По дојавата учениците веднаш биле евакуирани.
Минатата недела дојави за бомби имаше и во основни училишта, хотели, аеродромот во Скопје.
Досега сите дојави за експлозивни направи беа лажни.