Дваесет и четири проценти од анкетираните компании сметаат дека се потребни нови мерки за ублажување на последиците од енергетската и економска криза, а дури 53 проценти од компаниите сметаат дека инфлацијата во државата расте. Ова го покажува најновата анкета спроведена од Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство.
Претседателот на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство при Стопанската комората, Виктор Мизо, на денешната прес конференција презентирајќи ги резултатите од анкетата рече дека се опфатени се компаниите од сите региони, освен од северноисточниот регион.
Анкетата која го покажува големо незадоволство кај компаниите е спроведена од 20 ноември до 10 декември годинава, анонимна со што има голема отвореност од страна на компаниите кои се нивните позитивни ситуации, но и нивните забелешки и можности како некои работи да се подобрат. Најголем дел од компаниите се германски компании и мнозинството на компании се од ЕУ, но тука имаме и компании од САД, Канада, Турција, Велика Британија, така да имаме глобален репрезент на компании.
76 проценти од компаниите кои беа анкетирани или 26 компании одговорија на анкетата и прашањата беа групирани во повеќе области. Тука зборуваме за инфраструктурата, трошоците со кои се соочуваат компаниите, нивните влезни и излезни, увоз и извоз резултати, прашања околу работната сила и состојбата на истата во државата, државната помош и целата грижа на корисници на кој начин нивните потреби се адресирани од страна на институциите кои се задолжени за тоа. Компаниите беа од сите, освен од североисточниот од сите плански регион на државата. Околу 70 проценти на компаниите се корисници на ТИРЗ но тука значи 30 проценти не се од ТИРЗ, што ни дава една поширока слика за што и како се проблемите и ситуациите со кои компаниите се соочуваат, рече Мизо.
92 проценти од овие компании се во сериско производство, 1 компанија е во пред производство и една е инвестиција во тек. Голем дел од овие компании се од автомобилската индустрија, но тука имаме и други компании, компании кои произведуваат медицински помагала, компании кои произведуваат различен вид на индустриски компоненти, така што не е единствено автомобилската индустрија, додаде тој.
Во однос на првото прашање од анкетата, дури 25 проценти од анкетираните компании одговориле дека не се задоволни од инфраструктурата што споредбено со анкетата од минатата година покажува дека има едно релативно влошување бидејќи минатата година имало само 10 проценти незадоволство од инфраструктурата.
Првиот дел од прашањата беа за инфраструктурата, колку овие компании се задоволни за инфраструктурата во оние места каде што ја вршат дејноста – 25 проценти не се задоволни, 30 проценти се задоволни од инфраструктурата, додека 45 проценти од компаниите дадоа една неутрална оценка. Ако споредиме со резултатите од минатата година гледаме дека има едно релативно влошување на ова задоволство бидејќи минатата година тоа незадоволство беше 10 проценти, а оваа година тоа е на 25 проценти, изјави Мизо.
Она што е поразително, е што дури 35 проценти од компаниите не гледаат никаков прогрес по однос на нивните барања.
Истовремено, 35 проценти од компаниите не се задоволни односно не гледаат дека има некаков прогрес по нивните барања, додека за 50 проценти од компаниите имаат делумно задоволство бидејќи веќе има активности за разрешување на тие проблеми. Додека за 15 проценти од компаниите сите овие проблеми биле веќе претходно исполнети, што значи дека тие се позитивни во нивната оценка. Она што е поврзано со приоритетите, гледате дека околу 65 проценти значи две третини од компаниите се уште имаат потреба од решавање на инфраструктурни проблеми и како три најприоритетни проблеми се канализација, пристапен пат до локацијата каде се лоцирани, како и приклучок на вода. И сега тука е специфично, видовте дека 70 проценти од компаниите се лоцирани во технолошко индустриски развојни зони но тоа не значи дека секогаш ингеренцијата е на таа институција каде што тие се лоцирани, значи затоа прашавме кој е задолжен, и тука освен ТИРЗ е и локалната и централната власт, но истовремено и некои министерства и агенции, објасни Мизо.
55 проценти од компаниите имаат дополнителни барања во однос на изградба на детски градинки, како и барања за изградба на противпожарна заштита, како и барање за лоцирање на медицинска помош.
Поврзано со дополнителните барања за услуги гледате дека околу 55 проценти од компаниите би сакале дополнителни инфраструктурни услуги пред се тука е изградба на детски градинки за згрижување на децата на вработените бидејќи имаме неколку локации во ТИРЗ кои имаат и над 5000 вработени и тоа претставува еден голем проблем како и на кој начин да се справат во делот на грижа на нивните мали деца. Дополнително, имаме барања за изградба на противпожарна заштита бидејќи пак имаме и локации каде што има голема концентрација на компании и во случај на некоја незгода прашањето е колку брзо и на кој начин може да се реагира. Понатаму, исто така имаме барање за лоцирање на медицинска помош. Дополнително зборуваме за паркинг за вработените, јавен превоз, и на крај магацини или некаков вид на продавници, бидејќи луѓето поминуваат таму најголем дел од денот, а најчесто овие компании се лоцирани во изолирани места, каде што не можат лесно да најдат да купат основни работи за живот, кажа Мизо.
Околу производството на компаниите и како е тоа споредено со нивните планови, гледате дека 30 проценти од компаниите го натфрлиле планот за оваа година, и тоа натфрлање било помеѓу 7 и 20 проценти. Но, од друга страна за 50 проценти од компаниите имаме потфрлање на планот кој се движи од 2 до 50 проценти, додека за 20 проценти од компаниите се е согласно со планираното. Гледате дека три причини зошто е намалено производството а со тоа и извозот од планираното е намалените нарачки од странство, недостаток од суровини и репроматеријали и транспортните пречки. Но, она што е позитивно е што оваа година имаме подобрување на транспортните проблеми. Минатата година речиси една третина се соочиле со тоа, оваа година само 10 проценти. Она што е може најглавна тема за сите компании, и домашни и странски, се трошоците на суровини и репроматеријали но истовремено и трошоците на енергенсите. Околу суровините и репроматеријали 55 проценти од компаниите регистрирале зголемување каде што од овие компании три четвртини од нив имаат зголемува до 10 проценти, додека една четвртина од нив има зголемување над 10 проценти.
Во однос на трошоците за електрична енергија и енергенси, од 300 до 500 проценти (од три до пет пати) се зголемени трошоците за електрична енергија кај 40 проценти од анкетираните компании.
Од 100 до 300 проценти зголемени трошоци за електрична енергија кај 30 отсто од компаниите и до 100 проценти се зголемени трошоци за електрична енергија кај 30 проценти од анкетираните компании. Кај 40 проценти кај компаниите зголемувањето на цената на струјата е од 3 до 5 пати повеќе од истиот период минатата година. 30 проценти од компаниите имаат зголемување од еден до три пати, додека само 100 процентно зголемување имаат 30 проценти од анкетираните компании. И сите овие компании се големи потрошувачи на слободниот пазар, што значи дека ние сите купуваме берзанска струја плус некој вид на дополнителна провизија која се плаќа, истакна Мизо. Анкетираните компании истакнале дека имаат проблем со одлив на кадар, најчесто во странство – 63 проценти, во други компании во земјата – 10 проценти, а за останатите флуктацијата е во разумни рамки, потенцираше Мизо. Како што нагласи Мизо, сите анкетирани компании ги зголемиле платите на своите вработени во 2022 година од 10 до 20 проценти, но причина за тоа е зголемување е поради инфлацијата и зголемените трошоци за живот. Причини за зголемување на платите се инфлацијата и зголемени трошоци за живот, конкуренцијата и намалена понуда на работна сила на пазарот на труд, и поради зголемувањето на ефикасноста на работникот и мотивацијата, вели Мизо.