Цената на барел нафта на лондонскиот пазар порасна за 1,77 долари во однос на претходното затворање, на 81,76 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по повисока цена од 1,68 долари, од 77,91 долари.
Цените на нафтата се зголемија за повеќе од 2 отсто на меѓународните пазари, откако податоците за залихите во САД паднаа повеќе од очекуваното, но добивките беа ограничени поради зголемената загриженост за кинеската побарувачка и снежната бура што веројатно ќе ја погоди сезоната на патувања во САД.
Цената на барел нафта на лондонскиот пазар порасна за 1,77 долари во однос на претходното затворање, на 81,76 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по повисока цена од 1,68 долари, од 77,91 долари. Според трговски извори кои с еповикуваат на податоци од Американскиот институт за нафта, залихите на сурова нафта во САД паднаа за околу 3,1 милиони барели минатата недела.
Коментарот сугерира дека ОПЕК + може да продолжи да ја затегнува понудата. Се предвидува потенцијален пад на побарувачката поради обилните снежни врнежи во големи делови на САД, што се очекува да предизвика доцнење на летовите и непроодни патишта во еден од најпрометните периоди на патување во годината.
Загриженоста поради наглото зголемување на случаите со ковид-19 во Кина, бидејќи земјата почнува да ја повлекува политиката на нулта толеранција во борбата против коронавирусот, спречи цените на нафтата да растат повеќе. Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) денеска соопшти дека вчера барелот на нафтената кошничка на нејзините членки остана непроменет, на 78,13 долари, во однос на претходниот ден.