Припадници на курдската заедница попладнево се судрија со француската полиција во Париз. Курдите излегоа на протести по нападот врз нивниот културен центар во главниот град на Франција, при што беа убиени три лица.
Како што јавуваат француските медиуми, демонстрантите фрлале кон полицијата со камења, а ја запалија и оградата што требаше да ги спречи да стигнат до местото на злосторството. Полицијата на тоа одговори со солзавец за да ги растера насобраните.
PARIS: Des violences éclatent sur les lieux de la fusillade, qui a fait 3 morts, lors d’une manifestation de la communauté kurde. Les policiers sont pris pour cible après l’allocution de Gérald Darmanin et répliquent en utilisant des grenades lacrymogènes.pic.twitter.com/GJMA9j6Q3E
— Infos Françaises (@InfosFrancaises) December 23, 2022
Маж на возраст меѓу 60 и 70 години во текот на денот изврши напад со огнено оружје врз курдскиот културен центар во Париз, при што уби три лица, а четворица беа повредени и веднаш хоспитализирани.
Напаѓачот, според француските медиуми, е уапсен за кого министерот за внатрешни работи, Жералд Дарманин рече дека бил спортски стрелец и оти има дозвола за поседување на повеќе видови на оружје.