Разбираме дека премиерот Ковачевски е во незавидна ситуација и немајќи политички капацитет и легитимитет да ја води Владата, тој ги толкува различно политичките позиции на Движењето БЕСА, рече претседателот на БЕСА, Биљал Касами
-Разбираме дека премиерот Ковачевски е во незавидна ситуација и немајќи политички капацитет и легитимитет да ја води Владата, тој ги толкува различно политичките позиции на Движењето БЕСА. Барањето за предвремени парламентарни избори е барање на мнозинството граѓани бидејќи оваа влада не произлегува од легитимитетот добиен од последните парламентарни избори, затоа премиерот не треба да меша тези за уставни измени и предвремени избори. Додека кога зборуваме за уставните измени, Движењето БЕСА уште еднаш го потврдува својот став дека бара да се отстрани терминот „20%“ и да се замени со терминот „албански јазик“.Почитуван премиере, секој што е против јазикот на еден народ, особено во околностите на Македонија, нужно е против европските вредности и Европската Унија, истакна Касами.