Задоволство е кога ќе бидете дел од нешто кое што сега започнува, а каде што најмладите односно децата ќе можат да почнат да чекорат во својот животен пат, да се образуваат заедно со негувателите, воспитувачите, истакна денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Посочи дека е горд на градоаначалникот Орце Ѓорѓиевски и неговиот тим.

-Сето она кое што изминатите би рекол и децении не е мрднато, сега би рекол не само што се поместува, туку и се завршува, што претставува навистина голем пример дека не се сите исти. Пример дека додека некој краде, друг гради и се грижи за поубава средина, во случајот општината Кисела Вода, Усје, Стаклара, Градинар. Така што е еден голем опфат и една мака која што ја имале луѓето овде, бидејќи немало ваков објект, немало детска градинка за да можат најмилите некаде да ги згрижат, додека родителите нормално ги извршуваат своите работни обврски. Но, еве сега и тоа ќе може од јануари месец, благодарение на општина Кисела Вода, а набргу ќе биде готов уште еден објект и веќе во Кисела Вода ќе нема дечиња кои што ќе бидат на листата за чекање.

Продолжуваме понатаму да го реализираме ветеното, да покажуваме разлика. Од една страна ја имате владата и коалицијата ДУИ подржана од СДС која што континуирано го краде народот, и имате една условно кажано трета опција која срамежливо се обидува да стави знак на равенство помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Но јавноста гледа дека тоа е невозможно, па со навреди, вулгарности, со фејсбук политика се обидуваат да привлечат внимание на јавноста.

Но, таков тип на нихилизам не проаѓа и веќе граѓаните се изморија од таков тип на политичари. И затоа очекувам на следните парламентарни избори огромно мнозинство на наши сограѓани ќе излезат и ќе го дадат својот глас за ВМРО-ДПМНЕ и ќе ни дадат можност да направиме една голема револуција, да бидеме навистина еве во прво време балкански шампиони и да го надоместиме сето она кое што беше пропуштено во изминатите 5 години, а потоа да се обидеме да бидеме и европски шампиони во развојот на Македонија.

Така што уште еднаш да ја споделам мојата среќа и задоволство што денеска сум поканет од страна на градоначалникот на општина Кисела Вода да присуствувам на овој свечен момент во пуштање на употреба на овој проект и да им посакам на најмладите кои што од јануари месец тука ќе зачекорат за прв пат да имаат безгрижно детство и би рекол среќни поминати денови во овој објект и да уживаат, нагласи Мицкоски.