На 29.12.2022 во 18.30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода И.А.(23) од Битола, со привремен престој во Охрид.

-При претрес во домот во кој престојува, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја, информира МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.