На 03.01.2023 околу 12.40 часот во тетовски Требош, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 58-годишниот З.Љ. од ова село.
При претрес во неговиот дом и во возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, извршен со судска наредба, биле пронајдени кокаин и осум куршуми за ловечка пушка калибар 12 милиметри.
Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот против него ќе следуваат поднесоци по член 215 и член 396 од Кривичниот законик.