Новинарот, медиумски аналитичар и еден од основачите на продукциската група „Мрежа“ Владан Радосављевиќ трагично загина, а неговата сопруга Олга е тешко повредена откако биле нападнати од кучиња на Космај, јави РТС.
Владан Радосављевиќ бил искасан од глутница кучиња во близина на неговата викендичка на Космај, а неговата сопруга Олга, која ја повикал на помош, била тешко повредена и пренесена во болница.
Министерството за внатрешни работи, без да соопшти повеќе детали, потврди дека во нападот на Космај настрадал 62-годишен маж, а дека неговата сопруга е тешко повредена и пренесена во болница.
Радосављевиќ беше новинар на поранешното Студио Б и директор на програмата на НТВ Студио Б. Тој е еден од основачите на продуцентската група „Мрежа“, а извесен период беше и директор на „Медија центар“.
Трите кучиња кои го нападнаа имале сопственик со јасни докази за сопственост, носеле ланчиња со плочки на кои биле испишани телефонските броеви на нивните сопственици. Како што е наведено од Ветерина Белград, едно од кучињата е од расата стафорд, другото е мешавина од стафорд и питбул, а третото е мешавина од непознато потекло.