Две групи затвореници во затворот Идризово се степале на новогодишната ноќ. Полицајците се обиделе да ги раздвојат, но и тие влегле во пресметката, по што на крајот успеале да го смират инцидентот. Од независниот полициски синдикат бараат прстот да не се вперува само во полицајците, туку случајот до крај да се испита.
На 31 декември се случил проблем во затворот Идризово, постапката сеуште не е завршена, се анализира видео надзорот. Има и телефонски видео снимки кои се излезени од затворот но наводно официјално сеуште нема ништо. Ако полицаец е на работно место и бил со работна задача да одвои групи што се степале, тогаш зошто би одговарал полицаецот, праша Делчев Тодев
Тој додаде дека изгледа, во пракса, наједноставно е, вината да се префрли на полицискиот службеник и тој да одговара. Но, тој наведе дека овој синдикат нема да го дозволи тоа. Тој рече дека веќе биле алармирани адвокатски тимови и се работело на расчистување на случајот.
Во продолжение го приложуваме и видео записот кој го има Телевизија Телма