Утрово убавата коледарска песна ни донесе радост во домот. Ова се убави денови во кои е испреплетена традицијата, љубовта, верба во добрината, милостивоста, напиша на својот фејсбук профил, премиерот Димитар Ковачевски.

– Честит Бадник! Најрадосниот христијански празник да го дочекате во радување, сплотени, со желба оваа година да бидеме сите ние подобри и поуспешни и да придонесуваме заеднички за напредок на земјата, стои во неговата објава.

На видеото во објавата премиерот пречека неколку коледарчиња кои ја пееја коледарската песна пред неговиот дом.