Според интернет центарот кој ја споредува загаденоста на градовите ширум светот нашата метропола е повторно во врвот на листата меѓу најзагадените светски градови. Со индекс од 178 според квалитето на воздухот скопје попладнево беше на 6 то место и натаму е еден од најзагадените градови од европскиот континент. Она што е позагришувачки се вредностите на ПМ 2,5 честичките чии вредности деновиве постојано растат достигнувајќи вредност од 108 милиграми на кубен метар што се алармантни над 20 пати повеќе до нормалните вредности. Едно од можните решенија за справување со загадувањето според професор Цицинков које е енергетичар по струка е омасовувањето на употребата на инвертер клима уредите како замена за греењето со дрва.
Како жител на Скопје кој целиот живот го поминала во оваа котлина смета дека забрзаното темпо на изградба на згради без план го зема својот данок.
Заради празникот денеска градилиштата се во мала пауза во период кога заради тополото време зимава речиси и да нема застој во градбата на нови згради.
И граѓаните кои се почесто ги гледаме како со маски се шетаат на отворено за во борбата со отровите во воздухот како една од многуте причини за загаденоста гледаат во бетонизацијата по секоја цена и на секоја можна локација..
За разлика од Скопје во Битола и Струмица според министерството за животна средина престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање за загаденоста на воздухот каде два последователни дена нивото на ПМ 10 честичките е под прагот од 150 милграми на метер кубен