АД ЕСМ вчера произведе 18.568 мегават часови електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Како што информираат од Владата, во термоелектраните се произведени 12.070 мегават часови струја, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк „Богданци” 6.498 мегават часови.

Во изминатото деноноќие АД ЕСМ не набави електрична енергија од странство.
Скопје, 9 јануари 2023 (МИА)