Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, на месечно ниво се пониски за 0.7 %, а на годишно ниво се повисоки за 13.8 %.
Во ноември 2022, во споредба со октомври 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3.8 %, a во секторот Преработувачка индустрија за 0.6 %, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 0.7 %.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, пак, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1.4 %, додека се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 13.8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 31.3 %.